20.10.2017

Репрезентативците до 15 години на турнир во Софија

Македонската машка селекција до 15 години која е дел од ФИБА проектот насловен како „Заедно до У16“ на почетокот на идниот месец ќе земе учество на турнир во Софија, Бугарија.

На 31. октомври и на 1. ноември ќе се одржат тренинзи на селекцијата во Скопје. Првиот тренинг е закажан за ден 31. октомври 2017 година со почеток во 11 часот и 30 минути во СРЦ КАЛЕ (мала сала).
Патувањето за Софија е на ден 2. ноември во 17:00 часот пред Дрво Декор.

Селекторот на оваа селекција, Александар Јованчев, ги повика следните 13 кошаркари на кои ќе смета за турнирот:
 

  1. Лука Савичевиќ               - КК Вардар
  2. Васил Јаневски               - КК Ангели
  3. Драго Стојановиќ           - КК Вардар
  4. Михаил Наумоски          - КК Вардар
  5. Андреј Андоновски       - КК Феникс
  6. Љубиша Димитровски - КК Феникс
  7. Стефан Јовановски        - КК Вардар
  8. Дино Боцевски                -КК Стела Азура
  9. Никола Груевски             - КК Вардар
  10. Марко Величковски       - КК Вардар
  11. Бранко Шуменковски   - КК Вардар
  12. Богдан Стошиќ                - КК Пинк Пантери
  13. Славчо Трајковски         - КК МЗТ Скопје Аеродром
  14. Кристијан Столевски     - КК Кетс баскетбал