09.01.2018

Репрезентативците до 15 и до 16 години отпатуваа за Белград

Утринава, репрезентативците до 15 и до 16 години заминаа на пат до Белград каде во текот на наредните четири дена ќе одиграат пријателски натпревари со нивните врсници од четири кошаркарски клуба во српската престолнина. Кошаркарите од двете национални селекции во изминатите седум дена се подготвуваа в Скопје, а по завршување на натпреварите во Белград ќе заминат за Истанбул каде ќе продолжат со активностите играјќи уште неколку пријателски натпревари.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ТУРНИР Србија

М15
10. јануари, 2018 година
19:30
МАКЕДОНИЈА – Црвена Звезда
11. јануари, 2018 година
19:00
МАКЕДОНИЈА – Земун
12. јануари, 2018 година
19:00
МАКЕДОНИЈА – Партизан
13. јануари, 2018 година
10:00
МАКЕДОНИЈА – Мега Лекс

М16
10. јануари, 2018 година
21:30
МАКЕДОНИЈА – Црвена Звезда
11. јануари, 2018 година
21:00
МАКЕДОНИЈА – Земун
12. јануари, 2018 година
21:00
МАКЕДОНИЈА – Партизан
13. јануари, 2018 година
12:00
МАКЕДОНИЈА – Мега Лекс