20.12.2017

Репрезентативците до 15 и до 16 години после Белград ќе продолжат со натпревари во Турција

Репрезентативците до 15 и до 16 години претстојниот јануари ќе заминат в Белград каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари. Подготовките за овој турнир ќе започнат на 3. јануари, 2018 година во Скопје. Тренинзите ќе се одржуваат во малата сала на „Кале“ и ќе траат до 9. јануари кога ќе се замине за Белград. Нашите млади репрезентативни кошаркари ќе одиграат по четири натпревари со младински клубови од Србија, а потоа ќе заминат за Истанбул каде ќе продолжат со истото темпо, одигрувајќи неколку пријателски натпревари со своите врсници.

ПРВ ТРЕНИНГ (3. јануари, 2018 година, мала сала „Кале“)
9:00 – 10:30 тренинг – М15
10.30 – 12:00 тренинг – М16

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ТУРНИР Србија

М15
10. јануари, 2018 година
19:30
МАКЕДОНИЈА – Црвена Звезда
11. јануари, 2018 година
19:00
МАКЕДОНИЈА – Земун
12. јануари, 2018 година
19:00
МАКЕДОНИЈА – Партизан
13. јануари, 2018 година
10:00
МАКЕДОНИЈА – Мега Лекс

М16
10. јануари, 2018 година
21:30
МАКЕДОНИЈА – Црвена Звезда
11. јануари, 2018 година
21:00
МАКЕДОНИЈА – Земун
12. јануари, 2018 година
21:00
МАКЕДОНИЈА – Партизан
13. јануари, 2018 година
12:00
МАКЕДОНИЈА – Мега Лекс