30.06.2018

Репрезентативците до 16 години го одржаа првиот собир

Почетокот на подготовките за Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години и официјално беше означен денеска напладне. Кадетските репрезентативци го одработија првиот тренинг, а во следните 40 дена ќе се подготвуваат за првенството кое ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина во периодот од 9. до 18. август.

Оваа репрезентација е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“ кој започна да се реализира пред две години.

Во периодот што следи, покрај подготовки во Скопје и во Маврово, кадетите ќе се пресметаат со соодветните возрасни селекции на Бугарија, Црна Гора и на Романија.