27.03.2018 Националната селекција до 18 години ќе земе учество на пријателски турнир во организација на кошаркарскиот клуб Кош кој ќе се одигра во престолнината на Босна и Херцеговина, Сараево, викендот од 6. до 8. април. За јуниорската генерација, домаќинот повика вкупно шест учесници, кои ќе разигруваат меѓусебе. Во групата А се сместени репрезентативците на Босна и Херцеговина, КК Будуќност и Спарс додека во втората група, група Б покрај нашата репрезентација се наоѓаат Кварнер и домаќинот Кош. Распоред на натпревари: петок (6. април) Кош – МАКЕДОНИЈА (16:00часот) сабота (7.април) Кварнер – МАКЕДОНИЈА (12:00часот) недела (8. април) натпревар за пласман Селекторот на репрезентацијата Панче Милевски ќе го одржи првиот тренинг со своите избраници идниот понеделник (2. април) во салата „Шабан Трстена“ во скопската општина Чаир со почеток во 19:00часот.