Нашиот национален тим рано изутрина тргна на далечниот пат за Талин. А како прва станица на ова патување беше одредена Софија.
Комплетниот тим, предводен од претседателот Перо Антиќ, и генералниот секретар Владимир Георгиевски веќе е на аеродромот во главниот град на Бугарија, од каде за еден час следува полетување за Франкфурт.
На овој лет нашиот национален состав ќе биде „посилен“ со присуството на капитенот Војдан Стојановски, кој нешто порано слета во Софија и им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи.
Поради здравствени проблеми, за жал, во Скопје мораше да останат асистент-тренерите во нашата сениорска репрезентација, Ѓорѓи Кочов и Никола Велев.