15.07.2021 После едногодишно отсуство, а во пресрет на новата 2021/2022 сезона, Кметовска се врати во „сино-жолтoто“ семејство. Со својот квалитет и искуство, Таа ќе биде големо засилување за нашиот сениорски тим во пресрет на настапите во Јадранската WABA лига, како и во домашното првенство. Потписот на Кметовска е прв во низата планирани засилувања, за што поконкурентен Бадел 1862 во настапите на меѓународната сцена. Минатата сезона таа ја помина во Баскет Кам со кој ја освои двојната круна во домашната кошарка. Мотив плус ќе биде настапот во регионалното натпреварување што ќе биде од големо значење за „баделки“, и воопшто за афирмацијата на женската кошарка во Македонија.