Националната селекција до 18 години во женска конкуренција ќе го одржи првиот собир в понеделник (3. јули, 2017 година). Селекторот Анета Глигорова го изготви список на кошаркарки кои задолжително треба да се појават на првиот тренинг со кој официјално ќе започнат подготовките за Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одигра во Даблин, Ирска во периодот од 3. до 14. август.
Тренинзите на оваа национална селекција ќе бидат одржувани во спортската сала „Народни херои“ при Факултетот за физичко образовани, спорт и здравје.
НАПОМЕНА:
Кошаркарките кои не се од Скопје поради нивно сместување треба да пристигнат еден ден порани (2. јули,.2017 попладне.)
Бадел 1862-Скопје
1. Јана Николовска
2. Искра Андонова
3. Теа Митревска
4. Јована Џуговска
Шкупи-Скопје
5. Јована Петрушевска
6. Сандра Лалкова
7. Софија Стоева
8. Јована Стојанова
Младост-Битола
9. Теодора Кузмановска
10. Сара Спировска
Струга-Струга
11. Анамарија Шеќероска
12. Наталија Белеска
13. Снежана Серафимовска
Пелистер-Битола
14.Нурај Мемедова
МНА-Кожувчанка-Кавадарци
15.Ивона Крстева