25.02.2018 Сениорските репрезентативци во моментов го играат третиот натпревар во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, а покрај удобното двоцифрено водство на полувремето, присутните во салата „Јане Сандански“ уживаа во спектакл приреден од две 3х3 екипи. Здружението 3х3Macedonia со овој ревијален натпревар ја најави лигата која ќе започне ова лето како и бројните турнири кои ќе бидат реализирани ширум Републиката..