Вечерва, од 18.30 часот, Македонија го игра најважниот натпревар во досегашнито дел од првенството во Скопје. Оној четвртфиналниот, во кој за противник ја имаме селекцијата на Велика Бротанија.
Јасно е, победата во овој натпревар (18.30 часот, СРЦ „Кале“), води во битка за медалите и место во „А“ дивизијата, а пораз, кој никој не го посакува, кон пласманот од 5. до 8. место на евро-шампионатот од Дивизијата „Б“.
Резарт Мемед знае со кого вечерва ќе имаме работа:
„Играме против Велика Британија за која знаеме дека е силен противник. Нема да биде лесно. Физички се, можам да кажам, посилни од нас. Но со добра мотивација и со поддршка од публиката и добра концентрација, одиме на победа“
„Ние сме домаќини, и помотивирани од нив. Имаме добра форма овие која ја покажавме на последните три натпревари. Оди во нагорна лонија, односно се погоре и погоре. Очекувам да го дадеме својот максимум, затоа што како што знаеме, во четвртфиналето нема право на грешка“ – вели одличниот бек-шутер во нашиот национален младински состав.