Во големото финале во центарот на Саудиска Арабија, екипата од Летонија беше подобра од фаворизираниот состав на Лиман од Србија.
Само еден месец откако беа подобри од Лиман, момците од Летонија го направија истото и во Џеда, во натпревар кој го решаваше „еден баскет“.
Реши еден точен шут, вреден чек од 60.000 американски долари, доволен за екипата од Рига да триумфира (21:20), и да ја продолжи својата серија на непобедливост на десет натпревари.
И да го додаде овој трофеј на претходните два од Мастерс серијата на ФИБА.
Во средбата за третото место литванскиот состав Утена Униклуб беше подобар од уште еден преставник на Србија, екипата на Нови Сад.