18.05.2025

Без никакви дилеми околу МВП признанието

Рон Јетиши е најкорисниот играч на „фајнал-фор“ турнирот во М14 лигата

Кошаркарот на Работнички, Рон Јетиши е најкорисниот играч на финалниот турнир од М14 лигата-мажи, кој во изминатите два дена беше реализиран во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Неговата одлична партија во финалниот натпревар, која ја круниса со реализација на 41.поен, ги симна сите дилеми околу тоа кому ќе му припадне МВП-трофејот.

Апсолутно заслужено, признание кој го доби од рацете на генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација, Томче Стојчевски.