Рубин Стефанов е најмладиот члeн на друштвото кое во саботата изутрина го собра селектоото Драган Бајиќ. Талентораниот кошаркар по втор пат за релативнп кратко време, доби шанса да биде дел од сениорскиот национален тим.
Селекторот одлучи на последните две квалификациски средби од првата фаза за место на СП 2023 да го повика 17. годишниот член на Канту, кој пак не го криеше задоволството што во следниот период ќе помине со најдобрите наши кошаркари
„За секој млад играч најголемиот сон е да биде дел од најсилната национална репрезентација на својата земја. Голема чест е што добив и повик, и што имам шанса да тренирам и да учам од најдобрите. Ова е големо искуство, мотив за понатаму.Ќе го дадам максимумот на секој тренинг, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот Бајиќ, му благодарам за укажаната шанса“ - вели Рубин Стефанов по вториот oдработен тренинг во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Инаку, селекцијата на Македонија во среда патува за Шпанија, каде на 1. Јули, во Сарагоса ќе ги одмери силите со актуелниот светски првак, a три дена подоцна во Скопје ја пречекуваme Украина.