07.02.2020

РУСИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМИ: Енигмата наречена „Мозгов“

Информацијата дека Тимофеј Мозгов нема да добие шанса да заигра за националниот тим во евро-квалификациите 2020 е тотално неточна, велат од Руската федерација...

 

Во врска со некои некоректни публикации од страна на медиумите, а поврзани со можни промени во играчкиот состав за претстојните квалификациски натпревари, руската кошаркарска федерација излезе со свое објаснување.

Од федерацијата велат дека креирањето на листата на кандидати за рускиот национален тим е една стандардна процедура за која се грижи националната федерација, а во соработка со надлежното Министерство за Спорт.

Како и секоја година, така и оваа, листата беше објавена пред почетокот на активностите на националниот тим. А од РБФ, стручниот тим на Русија посакуваат Тимофеј Мозгов што побрзо да им се врати на обврските.

Како што е познато, пред извесно време, селекторот Сергеј Базаревич објави поширок список од 24. кошаркари на кои ќе смета за претстојниот февруарски „прозорец“ на ФИБА. Односно дуелите со селекциите на Италија и на Македонија.

На истиот не се најде името на еден од најдобрите играчи на центарската позиција. А причината е повеќе од јасна, нималку наивната повреда поради која веќе подолго време не игра ниту за својот нов тим – Химки.