Со денешната прес-конференција, Кошаркарската Федерација го најави одржувањето на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ 2021 година во женска конкуренција.
Најтрофејниот клуб кога станува за Куп натпреварувањето во женска конкуренција, Бадел 1862, сака да се врати на престолот на кој во последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година) ’царува’ ЖКК Вардар. Вардарки, очекувано, велат дека продолжување на победничката низа е императив за нивниот состав. Противниците на Бадел 1862, клубот Крива Паланка, се желни за испишување на клупска историја и китење на клупските витрини со престижниот трофеј. За ЖКК Баскет Кам 2011 ова е прва натпреварувачка сезона, но од тимот најавуваат дека имаат доволно искуство и дека не треба да бидат сметани за аутсајдери.
Четирити екипи ќе си ги одмерат силите во полуфиналните дуели, закажани за претстојниот петок (7. мај), а победниците од овие дуели ќе се пресметаат и ден подоцна во рамки на финалниот дуел. Сите натпревари ќе бидат одиграни во СРЦ „Кале“ (голема сала).
Двојки:
(1) Бадел 1862 – (4) Крива Паланка
(2) Баскет КАМ – (3) Вардар
Наскоро поопширно...