16.09.2018

Сакаме нова победа!

Втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 ја отворивме како што посакувавме. Сениорите триумфираа на гости во Косово, па имаа два дена за темпирање на формата против Романија која ќе биде нашиот втор противник во оваа групна фаза.

Репрезентативците одработија неколку тренинга во арената каде вечерва ќе го одиграат натпреварот, со мислите насочени кон втор триумф

- После првата победа очекуваме уште една на вториот натпревар од оваа фаза. Ги скениравме Романците овие неколку дена, станува збор за физички, атлетски подготвена екипа, технички не се толку потковани. Во секој случај, ние мораме да одиграме максимално ако сакаме да победиме. Се надевам дека ќе одиграме одбрана слична како во Косово, дека нападот ќе биде подобар и дека со победа ќе бидеме поблиску до следната фаза. - потенцира селекторот Јорданчо Давитков. 

Натпреварот ќе започне во 18часот и 15минути и ќе се одигра во vip арената при спортскиот центар  „Борис Трајковски“. Билетите се пуштени во продажба по симболична цена од 100 денари.