Во наредниот период од оваа сезона, Мео Сакети ќе биде „само“ на функцијата селектор на сениорската репрезентација на Италија.
Ова откако раководството на еден од најпознатите клубови на „чизмата“, Фортитудо од Болоња одлучи да му врачи отказ на познатиот стручњак.
За разлика од националниот тим, со кого има само победи во квалификациите за ЕП 2022 година (три во исто толку натпревари), како прв тренер на болоњезите Сакети не бележи добри резултати, напротив...
По девет одиграни натпревари во Серија А, Фортитудо има скор од само една победа и осум порази, и е на последното, 16.место на табелата.
Засега, Сакети останува на кормилото на Италија, селекција со која во февруари, наредната година, на турнирот во Перм, треба да одиграме дури два натпревари од „Б“ групата на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2022 година.