06.06.2021

„Честитки за МЗТ Скопје на освоената титула“- вели младиот стратег на клупата на кавадарчани по завршувањето на финалето на плеј-офот

Самарџиев: „Горд сум на момците, за нас ова е успех еднаков на титула!

Финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја завршија со пораз од 3-0.

Но како што вели тренерот Горан Самарџиев играњето во финалето во оваа сезона за нив е еднакво на освојување на титула.

 

„Честитки за МЗТ на освоената титула. Мислам дека заслужено стигнавме до финале и го оправдавме епитетот на финалисти. Секако, немаше да биде незаслужено и доколку ние добиевме некој натпревар, но на крајот пресуди таа подолга клупа во ротацијата.

Честитки за моите играчи кои изгинаа оваа сезона за Еуро Никел. Благодарност и до управата на клубот. Ќе гледаме да растеме како клуб, да бидеме уште подобри и се надевам дека не ја разочаравме кошаркарската јавност. Игравме убава кошарка, а така ќе биде и во иднина. Тешко е кога ќе загубиш, но тоа е мора да се прифати и еден пораз.

Со враќањето на неколку играчи кои беа отпишани како Соколов, Караколев и Мијатовиќ направивме една добра целина во која нè красеше другарство и сплотеност.

Бевме еден за сите, сите за еден. Ќе гледаме во наредните денови да се одмориме и веќе да почнеме да размислуваме за иднина. Се надевам дека ќе продолжиме со планот и веќе за следната сезона ќе направиме еден тим кој ќе биде продолжение за ова што го остваривме оваа сезона. Ова е успех рамен на титула бидејќи овој тим беше составен за влез во Суперлига, а потоа и за последните четири, а стигнавме до тука- до финалето“- во еден здив говори Самарџиев по крајот на финалната серија.