30.12.2019

Самарџиски „сигнализира“, спремен за „камбек“ во националниот тим

Искусниот центар беше еден од најдобрите играчи на Самсун во победата против Маниса (59:56)...

 

Предраг Самарџиски полека го качува нивото на играчката форма, потребно за квалитетни мечеви кои со себе ги носи играњето во турската Втора лига.

Доказ плус за тоа е неговиот ефект во победата на Самсунспор во дуелот со екипата на Маниса (59:56).

Високиот центар одигра 36.минути на овој меч и притоа реализираше 20.поени (8/14 од поле и 4/9 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа имаше и осум скокови, по една освоена топка и асистенција и три загубени топки.

Одлични вести за новиот селектор на нашиот сениорски национален тим, Александар Тодоров, кој најави дека смета на Самарџиски за оној февруарски квалификациски „прозорец“, односно дуелите со селекциите на Естонија и на Русија.  

*Уште порадосен, веројатно, го прават Тодоров игрите на Војдан Стојановски, Репрезентативниот капитен од натпревар во натпревар само ја потврдува исправноста на одлуката на раководните луѓе за трансферот на Стојановски во По Лак Ортез.

На средбата против Ле Ман, Стојановски беше најдобриот поединец во редовите на некогашниот француски првак и евролигаш.

По Лак Ортез славеше со убедливи (85:64), а за 29.минути во игра, 32. годишниот кошаркар реализираше 21.поен (3/4 за три, 4/10 за два и 4/4 за еден поен). Имаше и седум асистенции, пет освоени топки, три скока и само една загубена топка.

Одлични вести за Тодоров во секој случај, макар биле и пред крајот на оваа календарска 2019 година.