Искусниот центар беше еден од најдобрите играчи на Самсунспор, но тоа не беше доволно за да се стигне до победата на гостувањето кај Јаловаспор (51:68)...
Предраг Самарџиски заигра прв од нашите интернационалци во новата 2020 година. Но обидот да се врзат две победи по ред во турската Втора лига. се покажа како неуспешен за неговиот тим.
Самсунспор загуби на гостувањето кај Јалова, и тоа убедливо (51:68), иако нашиот искусен кошаркар беше втор стрелец во поразената екипа.
Реализираше 12.поени со сосема добар процент на реализација во шутот од поле (5/7) а погоди и две од четирите слободни фрлања.
За периодот од 30. минути поминати во игра, оствари и девет скока (пет офанзивни), имаше и две асистенции и четири загубени топки.
По 14.одиграни кола, со ефект од две победи и 12 порази, Самсунспор е на претпоследното место на набелата во ТБЛ лигата.