11.11.2017

Само еден ќе остане на врвот

Шестото коло на натпревари од Првата кошаркарска лига во машка сениорска конкуренција ќе биде одиграно тековниот викенд. Куманово и МЗТ Скопје Аеродром синоќа со меѓусебен натпревар го заокружија петтото коло во ПЛМ. Актуелниот шампион ја однесе победата со што се стационира на петтото место на табелата со скор 3-2 додека Куманово е три места подолу со 2-3 скор.

РЕЗУЛТАТИ 5.коло ПЛМ 2017/2018

 Пелистер  АВ Охрид 04.11.2017 16:00   77 - 78
 Кожув  Карпош Соколи 04.11.2017 17:00   78 - 109
 Фени Индустри  Струмица 04.11.2017 18:00   81 - 63
 Блокотехна  Гостивар 05.11.2017 13:00   85 - 59
 Шкупи  Работнички 05.11.2017 19:00   85 - 103
 Куманово 2009  МЗТ Скопје Аеродром 10.11.2017 17:30   90 - 106

Интересно е што по овој викенд, во прволигашката машка конкуренција само една екипа ќе остане без пораз. Денес, со почеток во 18:00 часот ќе се пресметаат Работнички и Блокотехна во салата „Градски Парк“ во Скопје во дуелот на непоразените. По пет одиграни кола, двете екипи имаат перфектен скор од 5-0, без пораз. Едно е сигурно, по тој натпревар, 'елитната' конкуренција ќе има еден лидер на табелата.
 

ТЕРМИНИ 6. коло ПЛМ 2017/2018 
 

 АВ Охрид  Шкупи 11.11.2017 18:00    
 Работнички  Блокотехна 11.11.2017 18:00    
 Струмица  Кожув 12.11.2017 18:00    
 Куманово 2009  Фени Индустри 12.11.2017 19:00    
 Карпош Соколи  Пелистер 12.11.2017 20:00    
 МЗТ Скопје Аеродром  Гостивар 14.11.2017 19:00