30.11.2020

„Кугуарс“ беа во +12, кога Андреј Јакимовски беше на паркетот – далеку најдобар индекс во тимот.

Само пофалби за „рукито“ од Македонија: „Ова момче покажа ‘нешто’ “

Втор натпревар, оној на кој доби многу поголем простор за игра, и веднаш дојде поентата... „ова момче направи нешто“

Вака отприлика тргнува анализата на стручњаците во НЦАА лигата поврзана со настапот на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски во дресот на Вашингтон Стејт.

Втор за момчето од Крива Паланка во оваа, за него, нов предизвик во оваа, малку поинаква конкуренција во однос на онаа европската.

Иако во улога на дебитант, Андреј Јакимовски одигра 31.минута на средбата со соседската екипа. Неговите тројки му помогнаа на тимот да излезе од почетната „дупка“. Освен тоа неговата контрибуција беше изразена и со шест скока и три асистенции. А исто така неговите дриблинзи беа сериозен проблем за одбраната на „Иглс“.

Воопшто, можеби најдобрата мерка за неговиот сеопфатен придонес е тоа што „Кугуарс“ беа во +12 кога Андреј беше на паркетот – далеку најдобар индекс за сите во тимот.

Можеби тоа беше главната функција, односно Јакимовски да ја има среќата да се појави откако Вашингтон Стејт веќе беше „паднат“, но сепак, тој направи многу мали нешта што им помогнаа на „Кугуарс“ да го најдат патот до победата.