30.09.2020

Причината, ограничувањата во различни држави кои се поврзани со пандемијата од коронавирусот

Само седум клубови во Евролигата ќе ја започнат новата сезона со присуство на публика

Само седум од 18. клубови во Евролигата кои се дел од сезоната 2020/2021 ќе можат да играат во своите сали-арени, со присуство на публика.

Причината за една ваква, помалку „нерамоправна“ одлука, се ограничувањата во различни држави кои се поврзани со пандемијата од коронавирусот.

Помеѓу 400 и 7.500 фанови во салите, во зависност од мерките во дадената земја и град ќе може да имаат екипите на: Олимпија Милано, ЦСКА, Химки, Зенит, Асвел, Валенсија и Жалгирис.

Изненадувачки, без своите навивачи на домашен терен ќе бидат другите шпански евролигаши, Барселона, Реал Мадрид, и Басконија, грчките Олимпијакос и Панатинакос, германските Алба и Баерн, турските Анадолу Ефес и Фенербахче, израелскиот Макаби од Тел Авив и Црвена Ѕвезда од Белград.

Малку е подобра ситуацијата во Еврокупот, каде без навивачи на трибините ќе бидат осум од вкупно 24. клуба-учесници во сезоната 2020/2021.