23.08.2023

Ова е одлуката донесена од страна на делегатите присутни на 22. конгрес на ФИБА кој е одржан во Манила.

Сауд Али Ал Тани е нов претседател на ФИБА

Шеикот од Катар, Сауд Али Ал Тани е избран за нов предводник на Светската кошаркарска федерација.

 

Ова е главната одлука која ја донесоа делегатите присутни на 22. конгрес на ФИБА кој е одржан во Манила.

Новиот прв човек на светската кошарка, како и новиот Централен Борд на ФИБА, кој исто така е избран на овој собир во главниот град на Филипините, ќе има мандат до 2027 година.

Сауд Али Ал Тани во изминатите четири години ја имаше функцијата на потпреседател на ФИБА. Од 2002 година е претседател на ФИБА Азија, а беше и претседател на кошаркарската федерација на Катар, и потпреседател на Олимпискиот комитет на оваа азиска држава.

На највисоката функција во светкстаа кошарка ќе го наследи Хамане Нианг.