30.09.2021

​​​​​​​Кои екипи ќе обезбедат пласман во следниот натпреварувачки круг, ќе дознаеме вечерва, по одигрување на финалните натпревари

Се чека финалната „четворка“ за групната фаза во ФИБА Евро Купот

Кои четири екипи ќе обезбедат пласман во групната фаза од ФИБА Евро Купот, ќе дознаеме на првиот ден од октомври, кога ќе се одиграат и финалните натпревари во четирите квалификациски групи.

Во онаа во која се натпреваруваа кошаркарите на ТФТ, групата „Ц“, германскиот Меди Бајројт игра против израелската Хапоел Хаифа.

Во групата „А“, која се игра во Гронинген, а каде во четвртфиналето настапуваше Куманово, до финалната средба стигнаа домаќинот, екипата на Гронинген и лисабонска Бенфика.

На турнирот од групата „Б“ кој се игра во Софија, за место во следниот круг од натпреварите ќе се борат полскиот Проком Трефл и Ираклис.

Финалето во Парну, во петок, од 19.часот, ќе го играат израелскиот Ирони Нес Зиона и Порто.  

ФИНАЛЕ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА ЕВРО КУП

1.ОКТОМВРИ:

ГРУПА Ц

14.30: Меди Бајројт – Хапоел Хаифа

ГРУПА Б

18.00: Трефл Сопот – Ираклис

ГРУПА Д

19.00: Ирони Нес Зиона – Порто

ГРУПА А

19.30: Гронинген - Бенфика