Прекрасна атмосфера, која ретко се гледа не само на овие наши простори, туку и на оние европските.
Дуелот на Гравелин Данкерк со По Лак Ортез, кој домаќините го решија во своја корист (64:59), беше одигран во една карневалска, и во вистинска смисла на зборот, атмосфера.
Изминатиот викенд беше вистински карневалски во овој дел од Франција, а атмосферата од улиците се пренесе и во салата каде Гравелин ги игра своите натпревари.
Специјален, карневалски, дизајн имаа и дресовите на Војдан и на неговите соиграчи од Гравелин-Данкерк.
Им донесоа и малку среќа, но и долго очекуваната победа во битката за опстанок во француската ПРО А лига.
Како изгледаше сето тоа...