28.01.2022

...

Се одложува натпреварот Ангели-Работнички

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе одлука за одложување на натпреварот од 14. коло од Првата лига-мажи, Ангели-Работнички, кој беше предвидено да се игра на 29. јануари (сабота) во салата „Независна Македонија“ од 15.часот.  

„Поради четири (4) позитивни играчи од Ковид-19 во екипата на КК Работнички, натпреварот помеѓу КК Ангели - КК Работнички се ОДЛОЖУВА, и истиот се закажува за 09.02.2022 година (среда) со почеток во 18.00 часот“.

Од истите причини, претходно комесарот за натпреварување одлучи да го одложи натпреварот Феникс 2010-Пелистер, кој е дел од 14. коло од Првата лига-мажи.