10.12.2019

СЕДМО КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА – ЖЕНИ: Иста мета - исто растојание

Вардар беше убедлив на гостувањето во Гостивар (93:51), додека Бадел 1862 лесно го победи составот на Пробаскет Академија (94:42), па трката за првото место е практично непроменета...

 

Седмото коло од Првата лига во женска конкуренција не донесе некои големи промени, кога се во прашање водечките екипи на табелата.

Кошаркарките на Вардар го задржаа максималниот ефект откако без големи проблеми го победија на гостински терен составот на Гостивар (93:51), па сега имаат ефект „седум од седум“.

Веднаш зад нив се кошаркарките на Бадел 1862 година, кои исто така лесно и убедливо славеа на гостински терен кај Пробаскет Академија (94:42).

Блиску до водечките две екипи е Струга 2009 која во ова коло во Скопје ја совлада Студент Академија (68:47), а добра игра и убедлива победа остварија и младите кошаркарки на КАМ Баскет, против кавадаречки Трокал (55:21).

Тоа беше и единствената победа на една домашна екипа, затоа што и Крива Паланка ги однесе бодовите од гостувањето во Чаир, против Шкупи (56:35).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Баскет КАМ – Трокал   55:21
Гостивар 2009 – Вардар         51:93
Пробаскет Академија – Бадел 1862   42:94
Студент Академија – Струга 2009 47:68
Шкупи – Крива Паланка         35:56
Патриот 2016 - Пантери        денеска

ТАБЕЛА: Вардар 14, Бадел 1862 13, Струга 2009 13, Баскет КАМ 12, Крива Паланка 11, Гостивар 2009 10, Пробаскет Академија 10, Студент Академија 10, Шкупи 8, Трокал 8 (-1), Патриот 2016 7

ИДНО КОЛО (14.12)

Патриот 2016 – Пробаскет Академија
Трокал – Студент Академија
Пантери – Крива Паланка
Струга 2009 – Гостивар 2009
Вардар – Шкупи
Бадел 1862 – Баскет КАМ