Селекциите до 14 и до 15 години со победи го отворија турнирот во Измир - КФСМ
09.06.2018

Селекциите до 14 и до 15 години со победи го отворија турнирот во Измир

Националните селекции до 14 и до 15 години отпатуваа на камп-турнир во Измир, Турција, а денес на првиот натпреварувачки ден запишаа по една победа на своето конто.

Прва настапи селекцијата до 15 години, предводена од Денис Дервишевиќ (Бранко Андриевски), која си ги одмери силите со Ege Asist Spor Kulübü и запиша победа од 47-73. Селекцијата до 14 години, предводена од Благоја Кечовски, запиша победа од 60-30 против Ege Asist (04) A.

Следен противник на нашите две селекции се соодветните селекции на КК Младост од Земун.