30.05.2023

Машката и женската селекција на играчи родени 2009 година и помлади, денеска го стартуваат новиот проект „Заедно до 16“

Селекциите под 14 години на турнир во Косово

Двете наши најмлади селекции, на играчи родени 2009 година и помлади од 8. јуни, па до 12. јуни ќе бидат дел од новото издание на ФИБА проектот насловен „заедно до 16“ кој стартуваше пред неколку месеци во Софија. Втората етапа од овој проект ќе се одржи во Косово.

Нашите две селекции „под 14“ години, веќе традиционало, ќе ги одмерат силите со своите врсници од овие балкански простори, односно селекциите на Турција, Бугарија, Романија и Косово. Селекторите на овие наши национални селекции, Владимир Мирковски и Едина Муса заедно со своите асистенти, Дарко Петковски и Сања Костова, ги одбраа по 12. кошаркар(к)и кои ќе бидат дел од овој втор циклус на проектот во кој се вклучени овие пет национални федерации.

Поаѓањето за Косово е на 08.06.2023, во 8:00 часот наутро од СРЦ Кале.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ

  1. Никола Костов - Водно Санс
  2. Александар Сотир - Работнички
  3. Лука Чучанов - Кожув
  4. Христијан Божиновски - ИБА Баскет
  5. Филип Оцепек - Куманово 2009
  6. Теон Бошковски - Работнички
  7. Дино Беговски - Работнички 
  8. Павел Гиновски - Вардар
  9. Марко Солев - ИБА Баскет
  10. Арт Беџети - ИБА Баскет
  11. Стефан Илиев - Работнички
  12. Божин Мицковски - ИБА Баскет

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ

  1. Јана Пислевска - Вардар
  2. Дарија Панкова - Бадел 1862
  3. Теа Трајковска - Вардар
  4. Ана Сарафилоска - Бадел 1862
  5. Глорија Груевска - Крива Паланка
  6. Ива Колева - Тим Арена
  7. Јована Димовска - МЗТ Скопје Аеродром
  8. Ива Димитријевиќ - Бадел 1862
  9. Миа Марија Велковска - Крива Паланка
  10. Вања Милосављевиќ - Бадел 1862
  11. Мила Начевска - Вардар
  12. Душица Мицева - Пробаскет Кавадарци