29.03.2023

Машката и женската селекција на играчи родени 2009 година и помлади, денеска го стартуваат новиот проект „Заедно до 16“

Селекциите „Под 14“ години на турнир во Софија

Двете наши најмлади селекции, на играчи родени 2009 година и помлади од денеска, па во наредните неколку дена ќе бидат дел од новото издание на ФИБА проетото насловен „заедно до 16“ кој стартува во Софија.

Од денеска па во наредните неколку дена, во главниот град на Бугарија, нашите двет селекции „Под 14“ години, веќе традиционало, ќе ги одмерат силите со своите врсници од овие балкански простори, односно селекциите на Турција, Буфгрија, Романија и Косово.

Селекторите на овие наши национални селекции, Владимир Мирковски и Едина Муса заедно со своите асистенти, Дарко Петковски и Сања Костова, ги одбраа по 12. кошаркар(к)и кои ќе бидат дел од овој прв циклус на проектот во кој се вклучени овие пет национални федераци.

На отворањето на турнирот кој ќе се игра во салата „Тријадица“ во Софија, двете наши селекции ќе ги одмерат силите со оние домашните. А по двомечот со Бугарија, утре следуваат мечевите со репрезентациите на Косово.

Ден подоцна, на 31 март, Македонија ќе разигрува со соодветните селекции на Турција, додека учеството на овој собир ќе го завршиме, ден подоцна, со натпревари против Романија.

 РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО СОФИЈА

29. МАРТ

14.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (жени)

16.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (мажи)

18.00: Романија – Турција (жени)

20.00: Романија – Турција (мажи)

30 МАРТ

13.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (жени)

15.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (мажи)

17.00: Турција – Бугарија (жени)

19.00: Турција – Бугарија (мажи)

31. МАРТ

13.00: Косово – Романија (жени)

15.00: Косово – Романија (мажи)

17.00: Турција – МАКЕДОНИЈА (жени)

19.00: Турција – МАКЕДОНИЈА (мажи)

1.АПРИЛ

13.00. Романија – МАКЕДОНИЈА (жени)

15.00. Романија – МАКЕДОНИЈА (мажи)

17.00: Бугарија – Косово (жени)

19.00: Бугарија – Косово (мажи)

2.АПРИЛ

09.00: Бугарија – Романија (жени)

11.00: Бугарија – Романија (жени)

13.00: Турција – Косово (жени)

15.00: Турција – Косово (мажи)

 

РОСТЕР - МАКЕДОНИЈА - МАШКИ

1.Никола Костов

2.Стефан Сотировски

3.Лука Чучанов

4.Христијан Божиновски          

5.Филип Оцепек  

6.Теон Бошковски           

7.Дино Беговски  

8.Павел Гиновски

9.Марко Солев     

10.Арт Беџети

11.Стефан Илиев

12.Стефан Стојковски    

СЕЛЕКТОР: Владимир Мирковски

ПОМОШЕН ТРЕНЕР: Дарко Петковски

 

РОСТЕР - МАКЕДОНИЈА - ДЕВОЈЧИЊА

1.Јана Пислевска 

2.Дарија Панкова

3.Теа Трајковска  

4.Ана Сарафилоска         

5.Глорија Груевска         

6.Ива Колева         

7.Миа Марија Велковска         

8.Ива Димитријевиќ       

9.Леона Ивановска         

10.Вања Милосављевиќ           

11.Лора Ристеска

12.Душица Мицева        

СЕЛЕКТОР: Едина Муса

ПОМОШЕН ТРЕНЕР: Сања Костова