04.06.2022

Во потполно израмнет натпревар, противникот беше подобар во финалните минути, за конечни (21:18)

Селекцијата „3Х3“ загуби и од Полска, и не се квалификува во следната фаза

Машката селекција на Македонија во „3Х3“ запиша уште еден пораз на првиот ден од натпреварите во групата „А“ од квалификациите за Европското првенство во „3Х3“.

По поразот во премиерниот меч од Црна Гора(19:21), буквално на нецели шест екунди пред крајот, нашите репрезентативци загубија на скоро идентичен начин и на вториот кваификациски меч.

Полска прва стигна до максималните 21. поен, ние застанавме на 18, и се збогувавме со шансите за пласман во наредната квалификациска рунда.

Токму селекциите на Црна Гора и на Полска, во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе го освои првото место од оваа квалификациска група која се игра во романската Констанца.