14.08.2018

Селекцијата до 14 години замина за Словенија

Националната селекција до 14 години во женска конкуренција отпатува за Словенија каде во наредните неколку дена ќе земе учество на Slovenia Ball.

Словењ Градец повторно ќе биде домаќин на селекции до 14 години (во машка и во женска конкуренција) кои се уште не се натпреваруваат во официјални првенства на ФИБА. Нашите млади кошаркарки го одржаа првиот собир пред нешто помалку од еден месец, а во јуни го одржаа првиот камп во рамки на развојниот проект поддржан од ФИБА насловен како "Заедно до М16". 

На Slovenia Ball нашата национална селекција е сместена во групата А и ќе разигрува против соодветните селекции на Хрватска, Летонија, Израел и домаќинот Словенија.

 

Повеќе детали околу турнирот и конкретни линкови до фотогалерии и статистика можат да се најдат на официјалната веб страница на словенечката кошаркарска федерација КЗС.