Машката селекција на Македонија за играчи „Под 14“ години ќе биде дел од учесниците на силниот меѓународен турнир „Словениа Бол“. Нашиот пионерски состав ќе ја продолжи традицијата, и ќе биде дел од учесниците на собирот кој стартува утре на добро познатата локација, во Словењ Градец.
Нашиот најмлад репрезентативен состав е дел од групата „А“ во која се уште и селекциите на Хрватска, Бугарија и домаќинот – Словенија. Во групата „Б“ пак се репрезентациите на Израел, Унгарија, Полска и Црна Гора.
Согласно со распоредот, на премиерниот ден од турнирот, играме против селекцијата на Хрватска. На вториот ден, избраниот состав на селекторот Александар Јованчев, ќе ги одмери силите со домашната селекција, а првата групна фаза ќе ја затвориме со дуелот против Бугарија, кој се игра на 26. август.
Во зависност од остварениот резултат во првиот круг од натпреварите, ќе го добиеме и противникот во мечот за пласман.
Список на играчи за Словенија
1.Христијан Миленковиќ-Спортисимо
2.Андреј Митков-Спортисимо
3.Дамјан Стојановски-Феникс
4.Кирил Петковски-Куманово
5.Филип Сребров-Водно Санс
6.Дамјан Данев-Вардар
7.Лука Пјевац-Вардар
8.Љубен Ефтимовски-Вардар
9.Дамјан Стојановски-Вардар
10.Жарко Терзиевски-Вардар
11.Григориј Ѓорѓевиќ-Вардар
12.Алексеј Нешовиќ-Вардар
Селектор: Александар Јованчев
Асистент тренер: Марјан Ѓуров
Физиотерапевт: Александар Наков
Придружен судија: Александар Биновски
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
24. АВГУСТ (СРЕДА):
13.30: Хрватска – Македонија
25.АВГУСТ (ЧЕТВРТОК):
18.00: Словенија – МАКЕДОНИЈА
26.АВГУСТ (ПЕТОК):
15.45: МАКЕДОНИЈА - Бугарија