Машката селекција „Под 14“ години која се подготвува за настап на традиционалниот меѓународен турнир „Словениа Бол“, непосредно пред заминувањето за Словењ Градец, одигра два контролни натпревари.
Нашата пионерска селекција гостуваше во Тиват, каде вчера и денеска одигра две пријателски средби против соодветната селекција на Црна Гора.
И двете и припаднаа на домашната селекција...
На првиот меч, домаќинот славеше со резултат (87:75), а во листата на стрелците Ефтимовски запиша 20 поени, Терзиевски имаше 15, Ѓорѓевиќ 12, а Миленковиќ и Нешовиќ постигнаа по осум.
Младите Црногорци беа подобри и на втората „контрола“. Во доста ефикасен натпревар, денеска славеа со (93:83). Петмина наши кошаркари имаа најмалку десет поени. Најмногу, 19, реализираше Ефтимовски, два помалку од него уфрли Нешовиќ. Миленковиќ беше стрелец на 14, Терзиевски на 13, а Ѓорѓевиќ на 10. поени.
Веќе традиционално, нашата селекција ќе биде дел од учесниците во машкото издание на 16. по ред, турнир „Словениа Бол“. Од 24. до 28. август избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе се натпреваруваат против селекциите на Хрватска, Словенија и Бугарија. А во зависност од пласманот во групната фаза, за евентуални противници во борбата за финалните позиции ќе ги имаме и селекциите на Црна Гора, Полска, Унгарија и Израел.