Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар на гостувањето во Тиват. Во два дена селекцијата домаќин, Црна Гора стигна и до втора победа.
МАКЕДОНИЈА (У16) – ЦРНА ГОРА (У16) 63:96
Слично како и на првиот натпревар, и на овој домашната селекција рано се стекна со висока предност. На крајот на првиот период, кадетите на Црна Гора водеа со (30:14), до полувремето, веќе имаа позитива од 23 поени (55:32).
Сличен беше развојот на настаните и во второто полувреме во кое Црна Гора стигна до убедлива победа.
На овој натпревар, поентерски во нашата селекција се издвои Цветковски, кој реализираше 23.поени, сосема солидно издание во офанзивниот дел имаше и Ѓорѓевиќ кој беше стрелец на 18.поени (имаше и седум скока и четири асистенции), додека Сребров гоо заврши мечот во Тиват со десет реализации.

Сериозен хендикеп за нашиот кадетски состав во пресрет на втората проверка, беше здравствениот билтен, односно стомачниот вирус кој го „нападна“ тимот кој го предводи селекторот Александар Јованчев, а поради кој за вториот контролен меч во Тиват не можеше да смета на тројца кошаркари, Терзиевски, Ефтимовски и Стојановски.