Машката селекција на Македонија „Под 20“ години, го одигра својот прв официјален контролен натпревар. Вечерва во Подгорица, подобра од нашата беше селецијата на Црна Гора која славеше победа од (80:69).
Нашите млади кошарки имаа добар почеток, и на истекот на првата четвртина имаа вишок од два поени (21:19). Но во продолжението на играта домашната селекција успеа да се стекне со предност, и на полувремето да води со солидни (43:36).
Во продолжението на играта доста поизедначено, макар што постојано ја бркавме негативата на Црногорците кои имаа слични (65:56) и по три одиграни четвртини.
Разлика која се покажа како недостижна за избраниот состав на Никола Василев, во кој Андреј Андоноски реализираше 18.поени (имаше и три скока), Петрушевски 12, а Данаиловски уште десет поени (и четири асистенции).
Двете селекции утре попалдне, од 17.шасот, на истото место, во Арената „Бемакс“, во Подгорица ќе го одиграат и вториот планиран натпревар.