14.07.2021

Утре и задутре, во Краљево, избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ ќе ги имаат првите тестови на моменталната форма

Селекцијата У15 со две „контроли“ против Србија

Машаката селекција на Македонија играчи родени 2006 година, денеска отпатува за Краљево, каде во наредните два дена ќе ги има и првите проверки на сработеното во изминатиот период.

„Нема да губиме време, ќе тренираме и во Краљево. Предвидовме три тренинга пред и по двата натпревари со силната селекција на Србија“- вели Дервишевиќ.

Според договореното, првиот контролен меч оваа наша селекција ќе го игра утревечер, од 18. часот. Ден подоцна, во истиот термин е закажана и втората „контрола“.

За овие активности селекторот Дервишевиќ одбра 13. кошаркари.  

 

СПИСОК НА КОШАРКАРИ – СЕЛЕКЦИЈА У15-МАЖИ

1.Коста Кириловски

2.Марко Лукановски

3.Бојан Величковски

4.Теодор Ѓуровски

5.Стефан Стојковиќ

6.Карло Димевски

7.Андреј Чадамов

8.Андреј Стојановски

 9.Давид Петрушевски

10.Сергеј Младеновски

11.Доријан Ивановски

12.Димитар Зетов

13.Никола Поповиќ

Селектор: Денис Дервишевиќ

Асистент-тренер: Дамјан Саздов