В недела (21. мај, 2017 години) ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари до 13 години. Оваа генерација (М13), по предлогот на Стручниот совет, ќе биде дел од проектот за развој на млади надежи кој ќе започне да се имплементира.
Секој клуб во Републка Македонија треба да ги исправи своите најдобри кошаркари од оваа генерација.
Тренинзите ќе бидат одржани во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) и тоа во два термина.
Од 14:00 часот на паркетот ќе истапат кошаркарите кои доаѓаат надвор од Скопје, а час подоцна (15:00 часот) ќе започне тренингот за кошаркари од Скопје.
Кошаркарите со себе да понесат опрема соодветна за тренинг и да бидат подготвени 30 минути пред почетокот.