18.05.2023

10.06.2023-11.06.2023

Селективен тренинг за кошаркари и кошаркарки родени 2010 и 2011 година

Македонската кошаркарска федерација продолжува со активностите поврзани со младинските репрезентативни селекции.
Во почетокот на месец јуни, поточно 10.06 и 11.06.2023 година, ќе биде организиран селективен тренинг за кошаркари и кошаркарки родени 2010 и 2011 година.

Тренингот ќе се одржи во големата сала на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.
Секој клуб кој се натпреварува во младинските лиги може да испрати листа од три најдобри кошаркари односно кошаркарки родени 2010 - 2011 година.
Листите да се испраќаат на contact@basketball.org.mk 

 

Термините за селективните тренинзи ќе бидат испратени по комплетирање на списокот со кошаркари и кошаркарки.