29.03.2022

Тренингот ќе се одржи на 2.април (сабота), во големата сала на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје

Селективен тренинг за кошаркари родени 2007 година

Македонската кошаркарска федерација продолжува со активностите поврзани со младинските репрезентативни селекции.

Во таа насока, овој викенд ќе биде организиран селективен тренинг за кошаркари родени 2007 година.

Тренингот ќе се одржи во големата сала на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, на 2.април (сабота).

Ќе биде реализиран во во следните два термини:

ПРВА ГРУПА: 09.00 – 10.30 часот

ВТОРА ГРУПА: 11.00 – 12.30 часот

Секој клуб кој се натпреварува во младинските лиги во оваа возрасна категорија може да испрати не повеќе од три најдобри кошаркари родени 2007 година.