Жаклина Стојановска, предводникот на националната селекција до 14 години во женска конкуренција, заедно со членовите на својот стручен штаб Кире Атанасовски и Кристијан Шумковски го закажа првиот селективен тренинг за кошаркарки родени 2004 година и помлади.
Селективниот тренинг ќе биде одржан в сабота (5. мај, 2018 година) во салата „25. мај“ во Радовиш со почеток во 11:00 часот.
Се замолуваат клубовите од градовите Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Берово, Виница, Гевгелија, Пробиштип, Радовиш и околни градови (МКФ регионална поделба, регион 4) да испратат максимум три кошаркарки.
Кошаркарките треба да бидат подготвени во спортската сала за селективниот тренинг 30 минути пред почеток на истиот.
Во текот на месец мај ќе бидат одржани уште два селективни тренинга, еден за западниот регион, еден за скопскиот.
- Селективен тренинг на ден 12. Мај 2018 (Сабота) во спортската сала во Битола “Младост“ во 11:00 часот Клубови од Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино и др.
- Селективен тренинг на ден 19. Мај 2018 (Сабота) во спортската сала во Скопје СРЦ Кале (мала сала) во 11:00 часот Клубови од Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Велес, Дебар и др.
Оваа календарска година, кошаркарките до 14 години ќе земат учество на четиринаесеттото издание на турнирот „Slovenia Ball“ заедно со уште девет репрезентации во соодветната возрасна категорија. Турнирот, кој е своевиден пандан на континентално првенство, ќе се одржи во периодот од 16. до 19. август, во Словењ Градец.