17.06.2021

Кампот е дел од партнерскиот проект со ФИБА, насловен “Развој на играчи до 13 години”.

Селективни тренинзи за годишниот национален спортски камп

Претстојниот викенд, поточно на 19. јуни, во двете сали во Спортскиот рекреативен центар „Кале“ ќе се одржат селективни тренинзи за годишниот национален спортски камп на КФСМ, кој е дел од партнерскиот проект со ФИБА, насловен “Развој на играчи до 13 години”.

 

Селективните тренинзи за кошаркарите родени 2009 година ќе се одржат во салата на СРЦ „Кале“ на 19.јуни.2021 година од 12:30 до 14:30, а за кошаркарките родени 2009 година од 10:30 до 12:30 часот, во истата сала.

Селективните тренинзи за кошаркарите родени 2008 година ќе се одржат во салата на КК „Вардар“ на 19.јуни.2021 година од 12:30 до 14:30, а за кошаркарките родени 2008 година од 10:30 до 12:30 часот на истото место, во салата на КК „Вардар“ во Скопје.

На селективните тренинзи потребно е да присуствуваат учесниците од националниот камп кој се одржа минатата година во Маврово, од генерацијата 2008.

По завршување на селективните тренинзи, ќе бидат објавени конечните листи со учесници на националниот спортски камп 2021 година, кој ќе се одржи во период од 24 Јуни до 4 Јули во Скопје.

На истиот ќе бидат селектирани по 15 кошаркари од 2008 и 2009 генерација, како и по 15 кошаркарки од 2008 и 2009 генерација. Или вкупно 60. кошаркари кои заедно со 12 тренери, во салата на Кк 2Вардар“  и салата во СРЦ „Кале“ во Скопје. ќе работат под менторство на експерт тренерот Ненад Труниќ.

НАПОМЕНА: На селективните тренинзи, сите регистрирани клубови имаат право да испратат најмногу три (3) талентирани кошаркар(к)и