Кошаркарската федерација продолжува си реализација на селективни тренинзи во оние „пониски“возрасни категории. По успешната селекција на играчи во 2008, 2007 и 2006 година, на ред доаѓаат младите кошаркари родени во 2005 година.
Согласно со тоа беше и отворениот повик до сите клубови кои се дел од натпреварите во организација на КФСМ да достават листа на најперспективни млади кошаркари, селектирани од тренерите кои работат со наведената генерација.
Селективните тренинзи за оваа возрасна категорија на кошаркари ќе се одржат на 2. септември (среда) и на 3. септември (четврток).
Сите предвидени активности ќе се реализираат во СРЦ „Кале“ (голема сала) во Скопје, согласно со утврдените временски термини за присуство на формираните групи на играчи за селективен тренинг испратени преку електронска пошта до сите клубови кои пријавиле свои кошаркари.