19.08.2020

Тренинзите ќе се одржуваат согласно Протоколот за тренинг во спортска сала, одобрен од Главен координативен кризен штаб

Селективни тренинзи за кошаркари родени 2006 година

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ќе започне со селективни тренинзи на кошаркари родени 2006 година. Согласно со тоа е и отворениот повик до сите клубови кои се дел од натпреварите во организација на КФСМ да достават листа на најперспективни млади кошаркари, селектирани од тренерите кои работат со наведената генерација.

Во листата да бидат наведени: име и презиме на кошаркарот, дата на раѓање, и контакт телефонски број на родителот

Податоците да бидат доставени електронски, најдоцна до 20.август (четврток) до канцеларијата на КФСМ.

Селективните тренинзи ќе се одржат во периодот од 24. до 27 август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во СРЦ „Кале“ (голема сала) во Скопје, согласно со утврдените временски термини за присуство на формираните групи на играчи за селективен тренинг испратени преку електронска пошта до сите клубови кои пријавиле свои кошаркари.