Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ќе започне со селективни тренинзи на кошаркар(к)и родени 2007 и 2008 година.
Селективните тренинзи во машка конкуренција, ќе се одржат во наредните неколку дена. Почнуваат на 25.јули (сабота) и 26.јули.2020 (недела), додека пак, селективните тренинзи во женска конкуренција, ќе се одржат на 27.јули (понеделник) и 28.јули (вторник).
Сите предвидени активности ќе се реализираат во СРЦ „Кале“ (голема сала) во Скопје, согласно со утврдените временски термини за присуство на формираните групи на играчи за селективен тренинг испратени преку електронска пошта до сите клубови кои пријавиле свои кошаркар(к)и.
НАПОМЕНА:
Тренизите ќе се одржуваат согласно Протоколот за тренинг во спортска сала, одобрен од Главен координативен кризен штаб на РСМ.
*Повиканите кошаркар(к)и треба да пристигнат 15. минути пред времето кое е предвидено во рамките на електронското писмо кое го добија сите клубови кои испратиле пријави;
*Повиканите кошаркар(к)и треба да бидат облечени во опрема за тренинг;
*Секој учесник е потребно да носи сопствено шише вода;
*Пред влезот во салата ќе биде мерено температура на сите учесници, и ќе се врши дезинфекција на раце и патики;
*Пред влезот во салата, и откако ќе бидат во сала, задолжително држење растојание од 1,5 метар;
*Строго забранет ќе биде влезот на родители и пријатели во салата;
*По завршување на тренингот кошаркарките веднаш излегуваат од сала.