Александар Ашаданов, селекторот на нашата женска сениорска репрезентација го потврди списокот на кошаркарки кои ќе конкурираат за место во националниот тим за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за европското првенство ов 2025 година.
На списокот се наоѓаат 16.кошаркарки, предводен од искусните Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, а добар дел од нив настапуваат во странски клубови.
Стартот на подготовките е закажан за 4.ноември (понеделник) од 10. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Инаку, во текот на овој месец, нашата најдобра женска селекција ќе одигра два натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.
На 7.ноември сме домаќини на репрезентацијата на Украина, a три дена подоцна, исто така во Скопје, во салата на СРЦ „Кале“ го дочекуваме составот на Португалија.
Список на повикани сениорки за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ 2024
1.Анџелика Митрашиновиќ - Плештанске Цајки - Словачка
2.Илина Селцова - Вардар
3.Мерит Хемпе – Олимпијакос - Грција
4.Тијана Митрева - Монкалиери-Италија
5.Матеа Николиќ – Бриксиа Баскет Бреша-Италија
6.Милица Николиќ – Студент (Србија)
7.Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција
8.Нена Трајчевска - Архил-Шпанија
9.Ивана Кметовска – Баскет кам 2011
10.Сања Адамовска – Баскет кам 2011
11.Катерина Поп-Димитрова - Баскет кам 2011
12.Ања Начевска – Вардар
13.Елена Тасевска - Вардар
14.Михаела Алексовска - Крива Паланка
15.Мартина Марковска – Бадел 1862
16.Мартина Блажевска – МЗТ Скопје Аеродром
СЕЛЕКТОР: Александар Ашаданов