Последните лекарски прегледи поврзани со здравствената состојба на неколку кошаркарки, го детерминираа составот на нашата женска сениорска репрезентација.
Од вечерва, подготовките продолжија во салата на СРЦ „Кале“, со 12. кошаркарки на кои селекторот Александар Ашаданов и неговите асистенти, Јелена Антиќ и Атанас Димов, ќе сметаат за првиот меч, оној во Хале, против соодветната селекција на Германија кој ќе се игра на 11. ноември.
„Во изминатите неколку денови, имавме потешкотии околу формирањето на финалниот ростер. За жал, не можам да сметам на некои кошаркарки за кои мислам дека можат да придонесат за уште подобар настап на почетокот на квалификациите за Евробаскетот. Но за жал, здравствената ситуација која лекарскиот тим ја потврди кај некои играчи, не ни дозволува да тренираме и да играме со планираните сили“- констатира Ашаданов.
Секако, селекторот го радува присуството на нашите главни адути и во овој квалификациски циклус, капитенот Анџелика Митрашиновиќ и Девана Бонер, кои вечерва го одработија првиот заеднички тренинг со останатиот дел од екипата.
„Дефинитивно, тоа е од големо значење за нашите планови. Во ова кратко време кое е пред нас, ќе се обидеме да поставиме некои елементи од кошаркарската игра кои имаме намера да ги реализираме на овие два натпревари. Прво со Германија, а потоа и на домашен терен во Скопје, против Босна и Херцеговина. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира“ дополнува селекторот.
СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА ПРВИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР ПРОТИВ СЕЛЕКЦИЈАТА НА ГЕРМАНИЈА