22.11.2020

Во Скопје остануваат Дамјан Робев и Андреј Митревски, на групата од 10.кошаркари ќе им се приклучат Војдан Стојановски и Џејкоб Вајли

Селекторот Александар Тодоров ги одбра патниците за Талин

Како никогаш досега не постоеле поголеми дилеми околу изборот на кошаркари на кои селекторот на еден наш национален тим ги имал за време на подготовките.

Да ги одбере најдобрите, но во овој случај, и оние кои се „негативни“ на задолжителните ПЦР тестирања од коронаворусот, а кои од секоја национална селекција вклучена во системот на квалификациите за ЕП, ги бара ФИБА.

Предводникот на нашиот национален тим, Александар Тодоров, беше приморан да чека до последен момент, на резултатите од тестирањето кое во утринските часови беше спроведено во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, за да може да го „состави“ тимот кој треба да ни донесе успешни резултати на турнирот во Талин.

Со оглед на тоа дека од нашите „странци“, односно играчи кои настапуваат надвор од Македонија, селекторот Тодоров смета на капитенот Војдан Стојановски и новиот репрезентативец на Македонија, Џејкоб Вајли, од 12. играчи присутни на воведните тренинзи во Скопје, мораше да се откаже од услугите на двајца кандидати.

Откако сите 12. кошаркари добија негативни тестови, одлуката на селекторот е за Талин да не патуваат Дамјан Робев и Андреј Митревски.

И двајцата ќе (по) чекаат некоја друга шанса да дојдат до својот деби настап во дресот на сениорската селекција на Македонија.

Ако нема некој дополнителен, пред сè, здравствен проблем, рано изутрина, во шест часот, на пат за Софија, потоа преку Франкфурт, до Талин ќе тргнат:  

Љубомир Младеновски (Работнички)

Виктор Ефремоски (Работнички)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Симоновски (Кожув)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)