26.07.2024

„Со повеќе залагање и малку среќа, можеби и би можеле да направиме посериозен резултат“

Селекторот Андреевски пред почетокот на ЕП: „Секогаш сум оптимист, на секој натпревар одиме на победа“

Нашата машка селекција „Под 18“ години денеска попладне го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во нашиот главен град.

А македонските јуниори сакаат да го искористат и тој „домашен момент“ во обидите да се дојде до еден резултат, кој може да донесе промоција и во иден учесник на евро-шампионатот во Дивизијата „А“.

Селекторот Горан Андреевски се осврнува во период кој е зад стрчниот тим и избраниците кои ќе ги бранат боите на Македонија на ова првенство.

„Успешно завршен период е зад нас. Одигравме пет пријателски натпревари во кои забележавме скор од четири порази една победа. Но тоа не нė обесхрабрува. Игравме три натпревари без Луканоски, а два без Јаничиќ, кој заедно со Стојковиќ, Ќириловски, Младеновски и Димитријев се предводници на оваа селекција“.

Околу очекувањата, односно настапите во првата фаза, односно дуелите со ривалите во групата „Ц“,  Андреевски го вели следното:  

„Очекувам да отвориме со победа против Ирска. Имаме информации за противникот и имавме неколку дена да се спремиме за овој премиерен меч во групната фаза. Шанса за влез во четвртфиналето би барале преку победа над Босна и Херцеговина или Украина. Доколку победиме една од овие две репрезентации имаме реални шанси за добар резултат. Доколку не, ќе треба да се бориме за пласман во втората половина на табелата“.

Андреевски потенцира уште некои детали:

„Морам да нагласам дека физички гледано, имаме најслаба или неспремна селекција заедно со репрезентацијата на Косово, и тоа е еден од клучните фактори кој што треба да го надминеме, а во исто време е огромен хендикеп за нас во однос на другите екипи кои се присутни на првенството“.

„Јас сум секогаш оптимист кој секој натпревар размислува само за победа. Со повеќе залагање и малку среќа, можеби и би можеле да направиме посериозен резултат. Атмосферата во тимот е на завидно ниво, и има доста позитивна енергија што е секако важен фактор за едно вакво натпреварување“- дополнува селекторотт на нашиот национален тим „Под 18“ години во пресрет на почетокот на првенството на кое сме и во улога на домаќини, односно организатори.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Останува непроменет кога станува збор за оваа возрасна категорија.

Вкупно 22. национални селекции кои ќе бидат присутни на првенството во Скопје, се поделени во четири натпреварувачки групи. Две од нив со пет селекции (ги очекувата по четири натпревари), а уште две во кои има „сместено“’ по шест репрезентации (ќе играат пет натпревари).

Согласно пласманот, прво пласираните две селекции по крајот на првата фаза обезбедувата пласмна во четвртфиналето. Екипите кои ќе бидат на третото односно на четврттото место, ќе се борат за пласман од 9. до 16. позиција, додека пак оние кои првиот дел ќе го завршат на петтата, односно на шестата позиција, влегуваат во битки за место од 17. до 22.позиција во крајниот поредок на шампионатот во Скопје.

Првата, групна фаза, ќе се игра во периодот од 26. до 31.јули, ќе има и еден слободен ден, на 29.јули.

На нашиот голем празник, Илинден, односно на 2.август ќе се играат четвртфиналните натпревари. Еден ден подоцна, на програмата е полуфиналето. А новиот победник во „Б“ Дивизијата за кошаркари „Под 18“ години ќе го добиеме на 4.август, кога ќе се одигра финалниот натпревар.

МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТ ВО СКОПЈЕ

0. Сергеј Младеновски   бек     185 см

1. Никола Јаничиќ             бек     198 см

5. Сергеј Петровиќ            бек     191 см

7. Дарјан Димовски         крило             198 см

6. Ристе Букрлишев          бек     184 см

8. Атанасиј Трајанов        крило            198 см

10 Лука Марјановиќ        бек     192см.

11. Коста Ќириловски      крило             200 см

20. Бојан Димитриев       крило             202 см

21. Давид Петрушевски  центар           203 см

23. Марко Луканоски      центар           209 см

42. Стефан Стојковиќ       крило 200 см

СЕЛЕКТОР: Горан Андреевски

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Един Имер

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Никола Димитриески

КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Трајче Стојанов

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Романија, Словачка, Црна Гора, Бугарија, Холандија

ГРУПА Б: Естонија, Швајцарија, Полска, Унгарија, Исланд, Косово

ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, БиХ, Ирска, Чешка, Украина, Кипар

ГРУПА Д: Австрија, Норвешка, Велика Британија, Грузија, Португалија

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПА „Ц“

26.ЈУЛИ (ПЕТОК)

11.00: Кипар – БиХ

11.00: Чешка - Украина

18.30: МАКЕДОНИЈА – Ирска

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zjb68d7Mfp0?si=oUQ0d5Gri8verBtO

27.ЈУЛИ (САБОТА)

13.30: Украина - Кипар

18.30: БиХ – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/LwEuwpmAeRw?si=L9hTfxyRj88_suFf

21.00: Ирска - Чешка

28.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

13.30: Украина - БиХ

18.30: Чешка – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IJ_uGN2YU9Q?si=dBJopreG3VlYKkrJ

21.00: Кипар - Ирска

29 – ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) – СЛОБОДЕН ДЕН

30.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

11.00: БиХ – Чешка

11.00: Ирска – Украина

18.30: МАКЕДОНИЈА – Кипар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/p58XsUUtpDQ?si=QllNgYGQSEWhFZNv

31. ЈУЛИ (СРЕДА)

13.30: Ирска – БиХ

18.30: Украина – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hszEa8wa8IA?si=QIUgn1JaGsisaeaY

21.00: Кипар – Чешка

*Нашата репрезентација „Под 18“ години, своите натпревари ќе ги игра во салата на СРЦ „Кале“